Нина Џогани наполни 18 години: Покажа што ѝ се случува со очите пред забавата
Луна објави фотографија на која позира дотераната Нина, а извести дека денес ќе се одржи прославата...
Нина Џогани полни 18 години, а тоа на Инстаграм го откри нејзината сестра Луна Џогани Миљковиќ.
Луна објави фотографија на која позира дотераната Нина, а извести дека денес ќе биде одржана прославата.
„О, мој Боже, каква убавица... Утре 18“ - напиша Луна.
Потоа, Нина објави неколку сториња, преку кои откри дека се одлучила да заблеска на забавата, па за таа прилика ставила сини леќи, а како што вели, ги ставала три часа, па поради тоа е расплакана и отечена на фотографијата која ја објавила на социјалните мрежи.
„Ги ставав 3 часа, затоа изгледам како да сум „high““ - пишува во описот на сторито.
За потсетување, Нина неодамна отворено зборуваше за посетата на солариуми и желбата за потемен тен.
фото: Принтскрин / Инстаграм