Ниските луѓе се понервозни и понасилни од високите?!
Сите во друштвото имаме барем една многу ниска пријателка или пријател, а еве што истражувањата говорат за ниските луѓе!
Истражувачи од Центарот за контрола на болеста во Атланта неодамна се испрашани 600 мажи од 18 до 50 години за перцепција на машкиот пол, сликите за себе и одесувањето во врските, користењето дрога, насилството и криминалот, за потреба на владино истражување, пишува HigherPerspective. Истражувачите открија дека се мажите кои се чуствуваат помалку маженствени всушност пониски од просекот и дека всушност тие се изложени на најголем ризик од правење на насилни или казнени дела.
Пред неколку години, тим истражувачи од Oxford тврдеа дека „Синдромот на низок човек“ навистина постои. Тие не известија како подпросечната висина може да го зголеми чувството на ранливост и чувството на параноја. Овој синдром е познат и како „Наполеонов комплекс“.
Како модерните друштва стануваат се поповршни и усмерени на телесните стандарди за двата пола, висината за многу мажи стана табу тема. Но, секако, многу е возможно сите овие студии да вклучиле многу мал број на тестирани луѓе кои прецизно би поврзале нечие однесување со неговата висина, па треба да се прифатат со резерва.