Ниту нејзините секојдневни комбинации не се вообичаени: Откаченото боди на Бела Хадид ќе го гледаме насекаде
Кога е во прашање стилот на манекенката Бела Хадид, едно е сигурно: нема здодевност и едноставност! Токму таков е и овој спој на џинс и влечки, а клучно парче е несекојдневното боди.
Манекенката Бела Хадид е главна ѕвезда на секоја модна ревија во која учествува, а папараците од Њујорк го следат секое нејзино излегување од дома, бидејќи Бела е гаранција дека фотографиите ќе ги продадат на модните магазини.
Хадид е позната по тоа што дури и до продавница и на кафе оди во внимателно одбрани модни комбинации, а сега на Инстаграм покажа една комбинација која несомневно ќе се копира ширум планетата.
Имено, Бела позираше во „винтиџ“ фармерки „Sami Miro Vintage“ кои се украсени со ефектни ленти на бочните страни и за кои издвоила 375 долари и светло сини Miu Miu влечки со минијатурна и стабична потпетица. Парчето облека кое привлече најголемо внимание, овој пат беше „baby blue“ бодито со долги ракави, кое го красат бројните прорези, а го потпишува њујоршкиот бренд „Marshall Columbia“. Ефектното боди сѐ уште не е достапно за нормалните луѓе, бидејќи во продажба ќе излезе во септември, а со оглед на тоа колку се популарни овие парчиња облека во изминатите години, не се сомнемава дека ова ќе биде новиот тренд.
Како и вообичаено, Бела целата комбинација ја зачини со интересен накит, а овој пат тоа беа: златните алки „The M Jewelers“, прстен во облик на пеперутка од познатата Џорџина Тревино, златните мини прстени со необична форма од Хана Џует и дијамантскиот прстен од брендот за накит „Shay“, кој чини вртоглави 5.040 долари.
фото: Profimedia