Ноа Сентинео е повторно сингл: 3 хороскопски знаци кои се најкомпатибилни со него и другите момчиња во знакот на Бик
Ова се трите хороскопски знаци кои се вистински избор за врска за сите оние момчиња кои се родени во знакот на Бик, како што е Ноа.
Доколку си една од девојките на кои очињата им се претвораат во срциња кога ќе го видат овој актер, сигурно ја знаеш веста дека ја прекина врската со Алексис Рен. Долго не биле заедно, а зошто се разделија, не сакаа да откријат.
По ова очигледно е дека ниту згодните холивудски актери не може да ја пронајдат вистинската љубов, а причината за тоа можеби е тоа што бараат погрешни луѓе. Три хороскопски знаци се супер компатибилни со овој актер, а дали си и ти една од нив? Ноа инаку е Бик во хороскоп, а ова се трите знаци кои се совршен зибор за врска со сите оние момчиња кои се родени во овој знак.
# Риби
Кога се бараат хороскопски знаци кои најмногу си одговараат, тоа се Биковите и Рибите. Овие два знаци немаат ништо против тоа да бидат сами со своите соништа, но кога се со личност која им се допаѓа - го имаат целото нивно внимание. Двата знаци се големи обожаватели на галењето и кога се заедно, не можат да си ги тргнат рацете еден од друг. Врската помеѓу овие два знаци би била полна со страст и романтика. Во корист им оди и тоа што двата знаци знаат добро да читаат и користат невербална комуникација, па практично можат еден на друг да си ги читаат мислите.
# Рак
Врската помеѓу овие два знаци би била најнежната досега. И на едниот и на другиот знак му е важно да се чувствува сигурно во врска, без нервози и константни прашања дали е се во ред. Супер си одговараат едне на друг, поради тоа шот би имале врска исполнета со доверба, емпатија и нежност. Послатка врска од оваа е тешко да се најде.
# Јарец
Комбинацијата Бик и Јарец не е најлуда и најдобра комбинација, но кога овие два знаци ќе почнат да се состануваат, може да поместат планина. Двата ја сакаат рутината и организираноста и немаат толеранција за лаги. Кога сето тоа ќе се спои, се добива вистинска силна врска. Со сето тоа, и едниот и другиот знак се традиционални кога се во прашање врските, не сакаат да брзаат во врската и да прескокнуваат „чекори“, поради што ова би можело да бидат многу сладок и романтичен пар.