Ноќта пред венчавката, принцезата Дајана за малку ќе се откажеше: Што ѝ кажа принцот Чарлс?

Ноќта пред венчавката, принцезата Дајана за малку ќе се откажеше: Што ѝ кажа принцот Чарлс?

Објавена во: Живот // Живот

Венчавката од бајките на принцезата Дајана и принцот Чарлс и денес многумина ја нарекуваат настан на векот. Меѓутоа, има многу детали кои уништија речиси сè...

Имено, советникот на принцезата Дајана скоро 40 години по спектакуларната венчавка откри непознати детали кои ја шокираа јавноста. Дека односот на принцезата и принцот не бил сјаен знаеја многумина, но пред нацијата одреден период беше создадена слика на идеален кралски пар.

Пени Трнтон, споменатиот советник, кој никогаш не ја прежали принцезата, сега откри како младата Дајана се чувствувала ноќта пред венчавката и влегувањето во британското кралство.

„Еден од шокантните податоци кои принцезата Дајана ги сподели со мене, беше нејзиниот разговор со Чарлс ноќта пред венчавката. Тогаш принцот ѝ призна дека не ја сака. Очигледно е дека во бракот сакал да влезе потполно искрен и да ѝ признае се што носи длабоко во своето срце. Секако, тоа било многу потресно за Дајана“ - објасни Торнтон, а потоа додаде:

„Дајана тогаш размислуваше да не се појави на венчавката“.

Што пресуди и зошто Дајана сепак одлучи да заблеска во венчаницата од бајките и да ја признае пред милиони сведоци својата љубов кон првородениот син на кралицата Елизабета, ниту денес на никој не му е познато.

Меѓутоа, она што сите го знаат е податокот дека младата принцеза не успеа долго да ги трпи проблемите во нејзиниот брак.

За фамозниот љубовен триаголник помеѓу неа, принцот Чарлс и Камила Паркер зборуваше уште во 1995 година.

„Бевме тројца во бракот, значи, сепак е малку преголема гужва“ - нејзината фамозна реченица која никој не очекуваше да ја изговори во јавноста.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: