Ноктите инспирирани од Велигден: Нов тренд кој им се допаѓа на сите, а еве и неколку идеи кои може да ти послужат (ФОТО)
Кој не би сакал да има вакви кул нотки за Велигден?!
Одамна зачекоривме во убавите шарени и пролетни денови и затоа мораме да ги усогласиме нотктие за да бидат во истите бои. Само што овие се многу конкретни, затоа што се во склад со претстојниот Велигден!
Пролетта е сезона која едноставно бара весели и шарени бои - од облека, коса, шминка, до лак за нокти. Покрај сето ова, Велигден го славиме и во средината на пролетта, па би било голема штета да не ги усогласиме боите на нашите нокти со оваа прекрасна сезона и празник. Затоа моментално во тренд се нокти инспирирани од велигденските и пролетните бои, пишува Шемазинг. Станува збор за нокти кои личат на велигденски јајца, а мораме да признаеме дека навистина ни се допаѓа овој дизајн во сите овие форми!
Можеби за некого звучи лудо што дизајнот на ноктите потсетува на велигденски јајца, но сигурни сме дека секој би го променил своето мислење доколку навистина видат за што се работи.
Ако немате вештачки нокти за овој дизајн да ви го направи некој експерт, обидете се да ги направите дома на вашите природни нокти и сигурни сме дека ќе успеете!