Ноне го посети едно од седумте светски чуда: Најубавото изгрејсонце е во Таџ Махал
Го пропатува цел свет, па на ред дојде и Индија...
Поранешната пејачка Ноне Неделковска изминатите неколку години работи на брод, па така тоа и овозможува да посети голем број туристички атракции во светот.
Па така Ноне се најде во посета на едно од седумте светски чуда и најпозната градба во светот сместена во Индија.
Ноне на локалитетот била пред да изгрее сонцето, па така можела да ужива во уникатниот поглед и посебното доживување на изгрејсонцерто. Прекрасен пејзаж од светското чудо.
„Добро утро од Таџ Махал. Јас не сум утринска личност, но дојдов во Таџ Махал пред изгрејсонце. Но има магла“, напиша Ноне во описот на фотографиите.
Фото: Инстаграм