Нов член во семејството Диневи: ТикТокерот Александар доби сестричка
Вчера во семејството на ТикТокерот Александар Динев имаше голем повод на славање. Имено, пристигна новиот член во семејството - неговата најмала сестричка.
Тој среќната вест ја сподели со неговите следбеници на Инстаграм, каде што сподели фотографии од малечката.
„Добредојде во семејството мала принцезо. Твојот постар брат те сака“ - напиша Динев покрај фотографиите од бебето.
Инаку, Александар има и помал брат, кој сигурно исто така е пресреќен за новиот член.