Нов филм за кој сигурно ќе ти треба пакетче марамчиња: Сите кои го изгледаа се согласија околу тоа (ВИДЕО)

Нов филм за кој сигурно ќе ти треба пакетче марамчиња: Сите кои го изгледаа се согласија околу тоа (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Една од работите што можеш да ги правиш кога ќе имаш слободно време е да го изгледаш овој филм...

Доколку сакаш филмови кои ќе те расплачат и ќе ти го скршат срцето, тогаш овој најнов филм на Нетфликс е токму она што ти треба. Сите оние кои веќе го изгледале се согласуваат во едно: сигурно ќе плачеш..

Само оние со камено срце може да останат рамнодушни на филмот „The In Between“. Оние кои веќе го изгледале ќе се согласат околу тоа дека од плачењето не може да се побегне, бидејќи филмот е навистина тажен. Љубовна приказна на двајца млади луѓе кои животот прерано ги раздели и тпа на прилично трагичен начин. Во главната улога е едно добро познато лице, Џои Кинг, која ја знаеме од филмовите „The Kissing Booth“.

Теса (Џои Кинг“ ќе се разбуди во болница по трагичната сообраќајна несреќа и ќе дознае дека во неа починало нејзиното момче, со кое била во автомобилот.

Од тој момент почнуваат да ѝ случуваат чудни нереални работи. Скајлар, нејзиното момче, се обидува да допре до неа од другиот свет. Или барем таа верува дека тоа се случува. Бидејќи нивната љубовна приказна завршила пред да започне, ова е нејзин начин да се носи со таа голема загуба. Многумина од оние кои веќе го имаат изгледано филмот тврдат дека биле изненадени од тоа колку филмот ги растажил. Плачеле дури и оние кои никогаш не плачат на филмови. Тоа зборува многу.

everyone please go watch “The In Between” on Netflix ive literally never sobbed so much at a romance movie, or any movie, in my entire life
— angel ~ booktwt (@angelstories18) April 10, 2022

Just finished watching The In Between on Netflix. It Made me cry like a baby
—  (@xonicole79) April 11, 2022

the in between movie is just too heartbreaking to watch — those two, the films, the love and everything in between, so surreal!!!
— Sharina (@sharinaxi) April 13, 2022

Реакциите на гледачите засега се позитивни и се препорачува сите да го изгледаат. Ова е еден од оние филмови на кој треба да му дадеш шанса.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: