Нов Гинисов рекорд: Запознајте ја девојката која изеде најмногу пилешки нагети за една минута (ВИДЕО)

Нов Гинисов рекорд: Запознајте ја девојката која изеде најмногу пилешки нагети за една минута (ВИДЕО)

На нејзиниот Инстаграм профил пишува дека се занимава со натпреварувања во јадење храна...

Интересен избор на кариера! Оваа девојка до Велика Британија руши рекорди со тоа што одредена храна ја јаде во најголеми количини во краток рок, а изгледа дека е многу вешта во тоа! Не би очекувале дека вака изгледа девојката која може да изеде најмногу пилешки нагети во една минута.

Можеш да ги обожаваш пилешките нагети повеќе од било кој, но не можеш да изедеш повеќе од оваа девојка. Таа го собори светскиот рекорд во најмногу изедени нагети во една минута. Тоа изгледа како многу лесна задача, но ви гарантираме дека не е. Кога ќе ја погледнеш, никогаш би кажал дека се занимава со соборување на рекорди во јадење. Но да, засега држи дури 27 светски рекорди, а со најновиот се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Во една минута успеала да изеде дури 19 пилешки нагети.


Вака никој не би замислил да изгледа девојката на која јадењето ѝ е професија, но Леа е тука на сите да им го промени мислењето и да ги изненади. Со најголемиот број на изедени нагети во една минута, оваа девојка го држи рекордот и најмногу изедени лазањи во 30 секунди, личност која може најбрзо да изеде краставица, а може да изеде и најмногу крофни со мармалад за 3 минути, пишува LadBible.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Можеби ќе ве интересира: