Нов хит на интернет: Како правилно се пишува буквата Х?
Изгледа има многу начини како да се напише Х, а Интернетот „полуде“ и сега се расправаат чиј начин е најточен.
На интернет започна масовна дебата за најточниот начин на кој се пишува Х, откако за викендот на Твитер се објави дијаграм кој ги прикажува осумте различни начини на кои може да се напише оваа буква.
Филаделфиската уметничка, Sixers Smase, го прикажа графиконот кој вклучува илустраи на осумте различни начини на кои една личност би можела да нацрта две црти кои ја формираат буквата Х, со стрелки и бои кои го разликуваат редот и насоката на секој метод. Кога го споделила, креаторката ги прашала своите следбеници кои методи ги претпочитаат, а ова навидум лесно прашање веднаш ги натерало луѓето да се впуштат во дебата.
Откако дијаграмот предизвика сериозна расправија на социјалните мрежи, Sixers откри дека забележала географски тренд во одговорите, со тоа што американците обично тежнеат кон методите 7 и 8, додека броевите 5 и 6 се смета типичен за британците.
Иако имаше жестока расправија за тоа која метода е најдобра за пишување на Х, поголемиот број луѓе го користат начинот кој е прикажан во дијаграмите: 5, 6, 7 и 8. Освен тоа се доаѓа до заклучок дека начинот на кој личноста ја пишува буквата Х зависи од тоа дали некој пишува со лева или десна рака и тоа што учел во училиште. Расправите и теориите немаат крај, а некои одат толку далеку што ги споредуваат начините на пишување на Х и држењето на хартиите за во тоалет.
Според кој метод ти ја пишуваш буквата Х?