Нов изглед: Ариана Гранде драстично ја скрати својата коса
Пејачката Ариана Гранде минатиот викенд го прослави својот 28 роденден, а многумина ги изненади моментот што покрај сите пријатели и семејство роденденот ѝ го честиташе и нејзината поранешна колешка Викторија Џастис за која знаеме дека не ја обожува многу. Исто така, кружеа гласини дека Ариана ќе го лансира најновиот парфем „God Is A Woman“ што на крајот се испостави дека е вистина. Откако претходниот месец се венчаше за љубовта на својот живот, Далтон Гомез, Ариана одлучи сега да го промени изгледот, па така драстично ја скрати својата позната долга коса.
Иако можеби мислиме дека Ариана за првпат ја има скратено својата коса до рамена, сетете се дека истата фризура ја имаше и во ноември 2018 година, но сега е само прашање на време кога ќе ја врати својата долга коса без која не може да носи своето познато високо коњско опавче. Сега во својата најнова објава на Инстаграм сподели видео на кое може да видиме нејзината нова фризура.
u look stunning i love ur hair @ArianaGrande pic.twitter.com/GETpoCofZf
— ivan is huggin madison (@remtoheaven) June 30, 2021