Нов кралски скандал - што крие Меган Маркл под фустанот? Ја обвинуваат дека сака да ја искористи смртта на кралицата за ова

Нов кралски скандал - што крие Меган Маркл под фустанот? Ја обвинуваат дека сака да ја искористи смртта на кралицата за ова

Објавена во: Совети // Семејство

фото:PROFIMEDIA/POOL PHOTO

За време на појавувањето на Меган Маркл во Виндзор, многумина забележаа бразда на нејзиниот фустан, па претпоставија дека носи микрофон.

Војвотката од Сасекс и принцот Хари им се придружија на принцот и принцезата од Велс во замокот Виндзор за да ги поздрават ожалостените кои ѝ оддадоа почит на кралицата во саботата, кога луда теорија изби на Твитер. Се појави приказна дека Меган Маркл носи „направа за снимање“ под фустанот.

Извор близок до Меган изјави за Page Six: „Ова е лудо и всушност болно за неа. Се разбира, таа не носеше микрофон“. Правоаголниот набор кој се гледа на половината на црниот фустан на Меган предизвика многу критичари да шпекулираат дали таа носи микрофон.

„Што крие Меган под фустанот? едно лице твитна. Други се прашуваа дали таа собира материјал за нејзиниот претстоен документарец за Нетфликс.

фото:PROFIMEDIA/POOL PHOTO

„Дали Меган Маркл носи микрофон за да ја искористи смртта на кралицата за нејзиното реално шоу на Нетфликс?“, напиша еден на Твитер. „Меган носеше некаков уред. Веројатно за снимање“, рече друг. Други, ги оспорија „лудите“ тврдења, сугерирајќи дека можеби е медицински уред. „Носам континуиран монитор за гликоза и мојот сензор е со истиот правоаголен облик“, рече еден.

Меган доби генерално топла реакција од толпата пред замокот Виндзор. Прошетката беше првпат принцот Хари и Меган да се видат во јавноста заедно со принцот Вилијам и Кејт од март 2020 година и означи очигледно подобрување во односите меѓу браќата и нивните сопруги.

извор:mondo

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: