Нов метод на потпишување: По потписот на автомобилот, Сара Мејс и Димитар воведоа ново правило (ФОТО)
Ново правило е воведено во домот на пејачката и водителот...
Откако на крајот на февруари, малата Илина им приреди едно непријатно искуство на своите родители, пејачката Сара Мејс и водителот и маркетинг директор Димитар Атанасовски, тие ги преземаа работите во свои раце.
Имено, по потписот кој Илина го остави на нивниот автомобил, Сара Мејс и Димитар ѝ ја одржаа лекцијата нивната првородена ќерка, а воедно воведоа и едно ново правило. Отсега, таа ќе може да се потпишува само со чечкалици за заби. Сето ова го откри тато Димитар, кој сподели преинтересно видое од нивниот дом, на кое Илина си го пишува своето име со овој прибор од кујната.
„Од сеа се договоривме... Потпишување има само со чачкалици“ - напиша Димитар покрај видеото на кое малата Илина си го пишува името.
Мора да признаеме дека овие млади родители се навистина иновативни и се надеваме дека Илина нема да добие уште некоја „брилијантна идеја“ со која ќе им приреди хорор.
фото: Принтскрин / Инстаграм