Нов ТикТок тренд кој може да ви направи проблеми во врската: Момци, внимавајте на девојките со кармин (ВИДЕО)
Невкусна шега поради која момчињата страдаат...
Излеговте на забава со другарите, вашата поубава половина не е со вас, а притоа одите кај неа со кармин за усни насекаде по облеката?
Како да ја објасните неволјата која ви се случила и дека навистина немате идеја од каде е тој кармин, а притоа девојката не ви верува дека не сте ја изневериле.
Да, звучи како сценарио кое води до сериозни проблеми, а за тоа се свесни и девојките кои се потпишуваат зад оваа „шега“.
Имено, на ТикТок се појави нов предизвик, чија цел е да се остават траги од кармин по облеката на некое момче, кое не е ни свесно за тоа.
@mariajosepenott @littlewank #kisschallenged #littlewank #besochallenge #animate # #lavidaesbella #parati #sefeliz sonido original - mariajosepenott
Иницијаторката на овој тренд по објавувањето на видеото е критикувана од страна на момците, кои жестоко почнаа да ја навредуваат во коментари, поради што ТикТокерката го заклучи својот профил, но овој предизвик и понатаму се шири.
@laceymarv84 When men say they didn’t do anything. This is what happened. Just out here ruining lives. #WomenOwnedBusiness #SeeHerGreatness #fyp #fypviral #VenmoSpringBreak original sound - Marvin Lace Pendarvi
фото: Принтскрин / ТикТок