Нов тренд на ТикТок: Дали ова лето омилен пијалак ќе ви биде кафето со сок од портокал?!
Од тестенини со домати и фета преку леб, па сѐ до кафето „Далгона“, ТикТок стана непресушен извор на инспирација за необични рецепти кои го одбележаа постоењето на оваа апликација, а сега им се придружи уште еден пијалак.
Еден од пијалаците кој го одбележа ТикТок и 2020 година со сигурност е „Далгона“ кафето. Но, изгледа дека сега од тронот го симна еден сосема нов - еспресо со сок од портокал.
Овој пијалак го нарекоа „Spritzy Americano“, а се прави од еспресо, свежо исцеден портокал и минерална вода.
„Уште не сум запознала личност која сака еспресо и сок од портокал, а да не ги сака комбинирано“ - кажа ТикТокерката Bundaddy, која на својот ТикТок профил сподели видео во кое зборува токму за овој пијалак.
@bundaddy stitch this and tag me. please. it is my FAVORITE THING. #fyp #foryou #foryoupage #CorollaCrossStep #coffee original sound - bundaddy
Но, тој всушност не е сосема нов. Имено, за него уште пред некоку години пишуваше магазинот „Bon Apetite“ кој со своите читатели го сподели и рецептот.
@eli_bang orange espresso tonic #espresso #coffeee #orangejuice #findyourcore #coffeetiktok paravi das cover of cloud 9 by beach bunny - paravi
Ова се потребните состојки за овој освежителен безалкохолен пијалак:
# 150 милилитри минерална вода;
# 60 милилитри еспресо;
# 60 милилитри свежо цеден сок од портокал;
# мраз.
Во чаша ставете неколку коцки мраз, додајте го сокот од портокал, потоа додадете го еспресото, па минералната вода. Сето тоа промешајте го и уживајте.
фото: Принтскрин