Нова љубов после натпреварувањето: Македонката Елена Миленковска во врска со колега

Нова љубов после натпреварувањето: Македонката Елена Миленковска во врска со колега

Објавена во: Живот // Живот

После завршувањето на натпреварот "Ѕвездите на Гранд" учесниците продолжија да се дружат и станаа доста добри пријатели, а помеѓу Александар Гуте Маринковиќ и Елена Миленковска се роди нова љубов. 

Шармантниот пејач кој имаше огромна армија фанови во популарното музичко шоу, објави фотографија на својот Инстаграм профил и откри какви емоции го врзуваат со убавицата од Македонија. Гуте и Елена многу се зближија оваа сезона, бидејќи беа во ист тим кај менторката Ана Бекута, така што се гледаа и на часовите по пеење. 

После финалето со своите колеги отпатуваа на неколку дена во Македонија каде прошетаа низ Скопје и секако покрај Охридското езеро. Фотографиите на Невена Стојановиќ откриваат колку се блики Гуте и Елена и дека оваа љубов тукушто почнала да цвета. Иако е родена во Скопје, Елена сега повеќето време ќе го поминува во Белград, заради своето момче, но најмногу и заради својата кариера. Т

Tалентираната пејачка вешто се обиде да се скрие од јавноста дека е заљубена, па често објавува соло фотографии по своите профили. Меѓутоа, Гуте изгледа не можел да одолее и затоа откри дека се заедно.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: