Нова медота која е понежна за ноктите, подолго трае и лесно се отстранува: Што е тоа „dipping“ маникир?

Нова медота која е понежна за ноктите, подолго трае и лесно се отстранува: Што е тоа „dipping“ маникир?

Објавена во: Мода // Moj стил

Ноктите украсени со техниката „dipping“ може да траат од две недлеи до еден месец...

Трендовите за нокти од сезона во сезона не воодушевуваат со кративните техники кои го надополнуваат стилот, правејќи го привлечен на ефективен начин.

Маникирот „dipping nails“ веќе некое време е многу популарен, а дознавме дека не е омилен само затоа што ноктите изгледаат убаво, туку и бидејќи не им наштетува на ноктите. За разлика од маникирот со гел кој се стврднува под УВ лампа, оваа техника ги бои вашите нокти со пигментиран прав. Чекорите малку се разликуваат од формула до формула, а техничарот ќе започне со отстранување на вишок масла од ноктите, прекривајќи го со прајмер и обложувајќи ги еден по еден со обоен прав. Правот обично се става во неколку слоеви, а потоа со уште круг на горниот слој. Резултат? Одличен мазен и издржлив маникир, кој ќе трае три недели.

Оваа метода е многу понежна кон ноктите, но има еден не толку убав детаљ во оваа приказна. Доколку во салот не сте единствен клиент, кој го користи садот, бактериите ќе се акумулираат во него. Најбезбеден начин е да се нанесе пудрата со четка на ноктите, а не тие да се потопуваат во сад.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: