Нова музика за младата генерација: Марија Спасовска во сосема поинакво издание
Марија Спасовска и Дарко Димитров повторно ја будат македонската музичката сцена со новата модерна тинејџ песна...
Марија со нов стил, овојпат се потпишува и како автор на музиката и текстот, а зад аранжманот стои Дарко Димитров во чие студиото направија нова револуција со песната „Број еден“ за македонската млада генерација.
Со модерен стил и несомнено одличен аранжман Дарко Димитров направи Марија да прозвучи повторно музички сериозно со нејзините 15 години.
Режисерот за видеото Зоран Зонде Стојановски инспириран од тинејџерската љубовна порака „те имам и те немам“ го направи видео спотот да изгледа „наше, а светски“. А, Даниел Николовски и Мите Занов се погрижија Марија да изгледа совршено и низ неколку современи стилови и да ја прикажат модерната верзија на новото тинејџ време.