Нова опсесија на девојките на социјалните мрежи: Се шминкаат за да изгледаат како да им е ладно
Сосема во зимско расположение!
Надвор сè уште не е толку студено, но со шминка може да се постигне ефект да изгледате како да се смрзнувате. Ова е нов хит за шминкање кој сите го пробуваат во последно време. Иако звучи чудно, изгледа навистина слатко.
Оние девојки кои сакаат да стават малку повеќе руменило особено ќе бидат воодушевени од новиот тренд кој ги зафати социјалните мрежи. Во тренд е да изгледате како да се смрзнувате. Бела светкава сенка за очи, зацрвенети образи и сјајни усни во црвеникави нијанси. „Ми студи“ е тренд на шминкање во вистинско време.
@imsimplysteph #imcoldmakeup #coldmakeuplook #wintermakeuplook #winter #makeuphacks #makeupforbeginners #simplemakeuptutorial #eyeshadowtutorial #eyelinertutorial #hoodedeyesmakeup #naturalmakeuplook #nomakeupmakeup original sound - EX7STENCE™
Вака изгледате кога се смрзнувате надвор во зима, само помалку гламурозно. Трендот на почетокот звучи малку чудно, но всушност кога ќе погледнете како изгледа на лицето, е сосема симпатичен и може да биде идеален за секој ден. Постојат поедноставни верзии на овој мејкап изглед, а ако ги следите, шминката ќе ја завршите за максимум 10 минути.
@jmdimov ib @zoekimkenealy #makeup #wintermakeup #fypシ #fyp original sound - ci
Нанесете пудра и коректор како и обично, трендот можете да го прилагодите на себе. Важно е да ставите руменило на образите и носот. Погрижете се да користите хајлајтер на врвот на носот и на внатрешниот агол на окото, како и на образите. Оние кои се сребрени се идеални, изгледаат позимско. Дали сакате да го додадете како дел од шминката за очи зависи од вашите преференции, но изгледа убаво кога ќе се стави малку под долните трепки. Усните мора да бидат покриени со сјај, а дали сакате да ставите малку розев или црвеникав кармин под него или само сјај зависи од вас. Некои дури ставаат и малку руменило околу усните за да му дадат најдобар можен ефект.
@e.milyjanee#wintermakeup #imcoldmakeup #winter #aestheticmakeup #foryou #fyp #foryoupage #grwmroutine #makeuproutine #aesthetic #diormakeup #nyxjumboeyepencil original sound -
Во овој начин на шминкање нема место за молив за усни или за „nude“ нијанси. Заедно со најважното, руменилото и сребрениот хајлајтер, секој додава и некои други производи кои вообичаено ги носи. Има многу варијации на темата, а секоја од нив изгледа премногу слатко и премногу лесно за правење.
Извор: teen385.dnevnik.hr