Нова романтична тин серија: „Три метри над небото“ е приказна за романсата помеѓу две тотални спротивности
Еден од најпопуларните шпански филмови за тинејџери, „Три метри над небото“ се враќа на екраните - и тоа во облик на серија. Едвај чекаме да ја погледнеме првата сезона.
Доколку сте обожавател на романтични филмови, веруваме дека барем еднаш го имате погледната филмот „Три метри над небото“, шпанскиот филм кој стана толку популарен и цитиран што набрзо доби уште едно продолжение. Сега Нетфликс ни подари добри вести, по 10 години ќе ја реализираат нашата желба и ќе снимаат и серија слична на филмот. Во продолжение дознај ги сите информации кои засега се знаат, а се поврзани со серијата.
За оние кои не се запознаени со приказната, „Три метри над небото“ изворно беше роман на италијанскиот автор Федерико Моча. Романот првпат бил објавен во 1992 година, а потоа дури во 2010 година е екранизиран во Шпанија. Во филмот „Три метри над небото“ ги запознаваме Баби, која е грижлива и мирна девојка од високата средна класа и Хуго, кој е бунтовник со мотор кој постојано се изложува на опасност, но исто така има и нежна страна. Покрај разликите, започнуваат љубовна романса и заедно поминуваат разни препреки за да може нивната љубов да опстане.
Нетфликс ги послуша желбите на публиката која постојано очекуваше серија со истата тематика и се пушти во акција, а неодамна го објавија и трејлерот кој може да го погледнете во продолжение: