Нова страшна серија поради која нема да можеш да спиеш: Не помага ни тоа што е по вистинска приказна
Во еден момент е во лифтот, а во друг, како да пропаѓа во земја, ја нема повеќе...
Најстрашни хорори се оние што се базираат на вистински приказни. Тие имаат посебна атмосфера што ќе нè натера да трепериме. Една таква приказна е за хотелот на смртта, по кој сега е објавена кратка серија.
Студентката Елиса Лам доаѓа во Лос Анџелес во 2013 година каде одлучува да престојува во хотелот Сесил. Се пријавува во хотелот, влегува во лифтот и тоа е последниот пат кога е видена пред да биде прогласена за исчезната. Видеото во кое таа е во хотелскиот лифт покажа дека вратата од лифтот не сака да се затвори, а таа одеднаш почнува да се движи чудно и да прави невообичаени движења на рацете. Влегува и излегува од лифтот - и тоа е сè. 19 дена по нејзиното исчезнување, нејзиното тело било пронајдено мртво на покривот на хотелот. Некои тврдат дека ова последно видео е доказ дека хотелот е прогонуван. Што не е чудно, имајќи предвид дека хотелот Сесил е познат под прекарот Хотел на смртта.
На режисерот на серијата „Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel“ ова му се чинело како добра приказна за да се сними хорор серија. Тој еднаш раскажа дека чувствува дека приказната за Елиса не е доволно раскажана и сакал да се обиде да ја направи така што никој никогаш нема да ја заборави. И по гледањето на оваа серија, сигурно нема да ја заборави. Серијата е кратка и има само 4 епизоди, а излезе неодамна. Луѓето веќе се навлекоа, но истовремено и исплашија. Најдобро е да не го гледате во 3 наутро, ако не сакате кошмари!