Новак на момчето не му дал само рекет: Таткото на 7 - годишниот Том откри што се случило потоа

Новак на момчето не му дал само рекет: Таткото на 7 - годишниот Том откри што се случило потоа

Најдобриот тенисер на светот има нов пријател, 7 - годишниот Том чија реакција откако го доби неговиот рекет го заобиколи светот...

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос покажа дека не е само најдобар тенисер, туку и голем човек, што во животот е многу поважно! Неговиот потег на крајот од мечот, кога му го подари рекетот на младото момче, чија поддршка ја слушал во текот на мечот, го воодушеви светот.

Момчето скокаше од радост и Новак му овозможи најголема среќа во животот, а за тоа се свесни и неговите родители, кои се огласија на социјалните мрежи, како и за француските медиуми.

Француските медиуми, конкретно порталот „Francebleu“ успеа да дојде до таткото на 7 - годишното момче Том, чии солзи радосници и неизмерна среќа откако го доби рекетот од Ѓоковиќ, го заобиколија светот..

Целото негово семејство било на трибините на Ролан Гарос, а неговиот татко откри дека Том е голем навивач на Ѓоковиќ, кој е негов идол.

„На натпреварот дојде во српска маица“ - откри неговиот татко, апотоа ги опиша деталите за време на мечот, особено кога Новак ги изгубил првите два сета од Циципас во финалето.

„Почна многу силно да го охрабрува Новак, кој го забележи тоа. Воспостави мала врска. Кога дојде да седне спроти нас, го погледна Том и ги крена малците во вис и намигна“.

Откако по неверојатниот пресврт, Новак успеа да го совлада Циципас и да дојде до својот 19 - ти Гренд слем трофеј, се приближи до малиот Том чија поддршка му даваше енергија да направи пресврт.

Но, таткото открива дека Новак не сопрел со тоа што на својот навивач му го рекетот.

„Откако виде како скока од среќа, Новак погледна кон Том и му кажа да остане тука, дека ќе се врати, откако по финалето ќе ги заврши обврските, како давање интервјуа и церемонијата на доделување на пехарот.“

Ѓоковиќ по сето тоа повторно отишол до Том, во својата торба нашил два качкети, еден му дал на својот верен навивач, а другиот на неговата сестра, а момчето го пуштил од другата страна на оградата и разговал со него.

„Тоа е многу топол момент за него, мислам дека никогаш нема да заборавам. Новак му значи многу, тоа беше момент на среќа“.


Можеби ќе ве интересира: