Новак сега има мотив повеќе: Погледнете го цртежот кој Стефан Ѓоковиќ му го нацрта на татко му пред финишот на Вимблдон
Нема сомнеж дека ова е еден од подрагите цртежи, кој Новак го добил од својот син...
Доколку случајно се посомневате до мотивот на Ѓоковиќ да дојде до нова победа на Вимблдон, по цртежот кој го доби од неговиот син Стефан, нема сомнеж дека првиот рекет во светот во својата глава го има само тоа дека во Лондон ќе го крене својот шести трофеј.
Имено, малиот Стефан неодамна го нацртал татко му како игра тенис, а над главата заедно со Вимблдон го нацртан и трофејот кој Новак го брка оваа сезона.
Инаку, Стефан за време на подготовките на Новак за Вимблдон беше „спаринг партнер“ на неговиот татко на Мајорка, а фотографијата ја сподели гордиот дедо, Срѓан Ѓоковиќ.
Инаку, Новак во средата со резултат 3:0 го победи Мартон Фучович во четвртфиналето, додека следен ривал во полуфиналето му е Денис Шаповалов. На другата страна се Матео Беретини и Хуберт Хуркач.