Новиот трејлер за „The Lion King“ ќе ве доведе до солзи!
Оваа година, Disney ни подготвува бројни изненадувања. Најголемо внимание привлекуваат римејковите на прочуените цртани филмови „Dumbo“ и „The Lion King“.
Disney го објави најновиот трејлер за „The Lion King“, по името „Long Live the King“, a покрај ова објавија и нов постор за оваа екранизација.
Гласот на Симба го позајмува Donald Glover, на Nalа– Beyonce, на Mufasa – James Earl Jones, на Scar – Chiwetel Ejiofor, на Timon – Billy Eichner, додека Pumbaa ќе биде Seth Rogen.
Во продолжение погледнете го новиот трејлер, сигурни сме дека ќе ве доведе до солзи, ако ништо друго од навраќањето во раното детство.