Ново видео од Ивона Јо: Среќен прв роденден од операцијата која ми го смени животот
Денес го слави првиот роденден од операцијата која ѝ го смени животот...
Пред 12 месеци, поточно на овој ден минатата година (26.08.2021), пејачката Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, се одлучи за интервенција во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот.
Пејачката со исклучителни вокални способности која долго време јавно зборуваше за нејзината прекумерена тежина и тоа го истакнуваше и на социјалните мрежи, сега, една година подоцна сподели интересно видео во кое ги покажа воочливите разлики.
Во видеото Ивона не се осврна само на својот изглед, туку и на целиот процес што го поминале, како и тоа како се чувствувала психички. Воедно, порача дека овој ден ќе го слави како роденден, поточно како роденден од операцијата која ѝ го сменила животот.
„Драга Ивона,
Среќен Прв роденден од операцијата која живот ти смени. Среќен година дена живот!
Сакам јавно да се заблагодарам на себе што верував! Што траев! Што не се откажав! Што се сакав и кога МИСЛЕВ дека најмалку заслужувам! И кога мозочето беше против мене! И кога светот ми се рушеше! Пак бев тука за себе!
Овие година дена - живеев како никогаш до сега. И така бирам да го живеам преостанатиот дел од мојот живот.
Исполнето, мирно, што е можно почисто и клише или не ама среќно!
Благодарам на секоја особа во мојот живот која беше присутна оваа година дена. Дел од нив веќе не се присутни во моето секојдневние, но засекогаш се сместени тука во длабочините на мојата душа каде што оставиле силен траг.
Мама, тато, бато. Сакам да ви кажам силно и гласно благодарам!
Ве сакам!
До нови победи!“ - напиша Ивона покрај видеото, со кое уште еднаш покажа и докажа дека сè што доволно се сака може да се реализира.
фото: Принтскрин / Инстаграм