Новогодишна идила и златна декорација: Анастасија покажа како ужива во Шпанија (ФОТО)
Анастасија Ражнатовиќ, пејачка и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, веќе подолго време живее во Шпанија, каде што се пресели откако се омажи за фудбалерот Немања Гудељ.
Поради деловните обврски пејачката најголем дел од времето го поминува во Севиља, a сега во духот на новогодишните и божиќните празници таа покажа како е украсен овој прекрасен град во Шпанија.
Таа ја фотографираше огромната елка која изобилува светилки, со детали во форма на ѕвонче, а на врвот стои голема ѕвезда.
Анастасија потоа направи селфи, каде го покажа природниот изглед и лицето без шминка.
На главата носеше детаљ кој беше популарен на почетокот на 2000-тите, а сега повторно е во тренд - лента за коса.
Покрај тоа, на сликата гледаме дека Ражнатовиќ носи скапа јакна од познатиот италијански бренд Гучи, која одлично ѝ стои.
Извор: espreso.rs