Објавени се номинациите за Греми: На Бибер ништо не му е јасно, Д Викенд е лут, а Хари Стајлс има рекорд

Објавени се номинациите за Греми: На Бибер ништо не му е јасно, Д Викенд е лут, а Хари Стајлс има рекорд

Објавена во: Stars // Музика

Апсолутен хаос...

Номинациите за едни од најпрестижните музички награди се тука, а познатите имаат што да кажат. Освен што оваа година одлучија малку да го променат називот на категориите, успеаја и да налутат неколку познати личности.

Номинациите за Греми наградите кои ќе се одржат во 2021 година пристигнаа. Иако тоа би требало да биде причиња за славење за многу музичари, оваа година и околу ова настана хаос, повеќе отколку минатите години. Реакциите на познатите во врска со номинациите се различни. Еден од оние кои имаат голема причина за славење е поранешниот член на One Direction, Хари Стајлс, кој е прв номиниран за оваа престижна награда и тоа во три категории - Најдобар поп вокален албум, Најдобар поп соло настап и Најдобар музички спот. Ниту еден од другите членови, како ниту додека беа One Direction, не беа номинирани, па така ова е голема работа.


Од друга страна, Џастин Бибер, иако е среќен поради номинациите, не е среќен поради категориите во кои го ставиле, бидејќи смета дека тоа е чудно и нема смисла. Номиниран е во категориите Најдобар поп соло настап (со песната „Yummy“), Најдобар поп групен настап (со песната „Intentions“), Најдобар поп вокален албум („Changes“) и најдобар кантри дуо настап (со песната „10.000 Hours“). Она што му пречи е тоа што го е сместен во поп категоријата. Во објавата на Инстаграм напиша: „Ве молам немојте да ми замерите за тоа дека сум неблагодарен, ова се само мои мисли. Драго ми е што сум ценет поради мојата уметност. „Changes“ е R&B албум. Меѓутоа, не се доживува така, што ми е многу чудно.“ Смета дека овој албум треба да биде во друга категорија, бидејќи сѐ од мелодијата па до вокалниот стил е R&B. Појасни и дека нема ништо против поп музиката, но дека тоа не е овој албум. Сепак е благодарен, само што ништо не му е јасно.


Во морето реакции, се издвои и онаа на пејачот Д Викенд, кој пак е тотално лут бидејќи не е номиниран во ниту една категорија. Неговиот албум „After Hours“ беше огромен успех, беше со недели на топ листите, освојуваше награди, критичарите го фалеа на сите страни, обожавателите го обожуваа, а Греми го игнорира. На Твитер напиша дека изгледа дека Греми остануваат корумпирани и дека тој, неговите обожаватели и музичката индустрија заслужуваат транспарентност. Грами оваа година малку ги зезнаа работите, бидејќи досега ниту една година немало волку незадоволства. Дури ниту обожавателите на овие пејачи не беа среќни и тоа го покажуваат на социјалните мрежи.


На обожавателите на Д Викенд, БТС, Блекпинк, Селена Гомез и други, не им е јасно како нивните ѕвезди, иако оваа година имаа топ албуми и големи успеси се апсолутно игнорирани.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: