Облекоа идентична облека во различни величини и покажаа како изгледа XL, а како XS

Облекоа идентична облека во различни величини и покажаа како изгледа XL, а како XS

Објавена во: Мода // Moj стил

Стилот не е условен од големината на облеката...

Стилистка од Русија, Марина Каменскаја, со своите колеги испитале како компаниите прават иста облека за различни типови на дами.

Имено, во овој проект, Марина која носи конфекциски број XL, споредила како стои облеката на неа и на нејзината колешка која носи XS.

Се покажале очекуваните разлики во изгледот, а стилистката објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил. Марина од своите следбеници побара да ги коментираат објавените фотографии, но инсистираше на тоа да нема навредливи коментари.

„Сите сме различни, но сите сакаат да се облекуваат онака како што сакаат и да изгледаат убаво. Ајде да разговараме з аоблеката и тоа како таа стои. Не ме интересираат грозните коментира... Затоа, да бидеме толерантни.“ - замоли стилистката.

Оваа млада жена беше доволно храбра да ја напушти канцеларијата, рутинската работа и да влезе во светот на креативноста, што е нејзин сон уште од дете. Денес, им помага на многу жени купувањето и изборот на добри парчиња облека, што ќе одговараат на нивните фигури.

„Преовладува идејат адека облеката изгледа добро само на слаби жени. Како жена со големина XL, тврдам дека стилот не мора да зависи од тоа. Избирам облека заснована врз внатрешните и надворешните фактори. Јас навистина би сакала жените да ги остават своите комплекси настрана и да уживаат во животот“ - беше искрена Кеменскаја.





Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: