Обожавателите ги снимија Шон Мендес и Камила Кабелјо додека разменуваат бакнежи: Дали се повторно заедно? (ВИДЕО)

Обожавателите ги снимија Шон Мендес и Камила Кабелјо додека разменуваат бакнежи: Дали се повторно заедно? (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Кој вели дека поранешните љубовници не можат повторно да бидат заедно?

Шон Мендес и Камила Кабелјо се видени заедно на музичкиот фестивал „Coachella“, но изгледа дека не како пријатели, туку сепак како нешто повеќе.

Во видеата кои испливаа на Твитер, Камила и Шон прегрнати разменувале бакнежи поради што сите заклучија дека тие двајца се повторно заедно. Со поранешниот партнер или со пријателите не разменуваат такви нежности.


Социјалните мрежи „горат“ поради нив двајца, а реакциите на луѓето се позитивни.

„Showmila се враќа, ти благодарам Боже“ - напиша една корисничка на Твитер, откако го видела видеото.


Тие двајца се разделија во ноември 2021 година по две години врска. Нивната разделба беше разочарување за обожавателите.

„Среќна сум поради нив“ - гласеше уште еден во морето позитивни објави на Твитер на оваа тема.


Медиумите, во последно време го поврзуваа Шон со разни девојки, вклучувајќи ја и неговата 51-годишна киропрактичарка, Џоселин Миранда. Потоа се појавија гласини дека е во врска со канадската поп ѕвезда Сабрина Карпентер. Камила излегуваше со Остин Кевич, но таа врска заврши пред неколку месеци. Очигледно е дека тие двајца се повторно слободни, па одлучиле да ѝ дадат уште една шанса на својата неуспешна врска и да се обидат повторно.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: