Обожавателите на Антониа пред нов предизвик: Таа ќе одбира млад режисер

Обожавателите на Антониа пред нов предизвик: Таа ќе одбира млад режисер

Објавена во: Stars // Музика

По промената на бојата на коса и предизвикот на кој ги изложи најпознатите македонски пејачки, младата Антониа Гиговска овој ги изненади своите обожаватели.

Имено, таа се подготвува да сними ново видео, а за истото се пушти во потрага по млади режисери. Секој што е креативен и сака да стане дел од нејзиниот тим ќе може да го и ја презентира својата идеја.

„Убав ден другари. Мојата нова песна го чека вистинскиот момент за спотот. Јас и мојот тим би сакале да имаме уште некој млад и перспективен лик кој што преку идеја ќе ни помогне во спотот па затоа дојдовме до една идеја. Се што треба да направите е да ни пратите кратко „сценарио“ за тоа како би изгледал мојот спот на email: pr@promostage.mk. Јас и мојот тим ќе го одбереме најдобриот млад режисер. Ги чекам вашите идеи. Да ве видам колку сте креативни.“ - напиша пејачката во својот пост на Инстаграм.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: