Обожавателите на Џастин Бибер ќе завршеа во станица: Сѐ поради собирот пред хотелот во кој престојува пејачот
Џастин Бибер се почети за роденденот, па така со сопругата Хејли Болдвин замина за Франција. Патувањето во Франција секогаш звучи како добра идеја, меѓутоа, не смееме да заборавиме дека ситуацијата во Европа е ужасна поради вирусот корона, па затоа ова не е добро време за патување. Во Франција, ситуацијата е исто така особено сериозна. Овој момент го заборавија фановите на Џастин, кои беа толку се занесоа во идејата да се сретнат со својот идол, што заборавија дека собирањето е строго забрането!
Имено, неговите обожаватели откриле во кој хотел престојува Бибер, а проблемот настана поради тоа што бројот на фанови што се појави пред хотелот бил голем. Хотелот „Mandarin Oriental“ со пет sвезди, овие денови го угости Џастин, а обожавателите пред него одржаа масовни собири. Опседнатите обожаватели, се разбира, целосно заборавија дека сме среде пандемија, па полицијата реагираше пред хотелот и се закани дека ќе ги уапси сите доколку не си заминат!
Justin with a fan in Paris, France today (@drwnakavia) pic.twitter.com/nqBLcIZirB
— Justin Bieber News (@yourbiebernews) March 2, 2021
Како и да е, како што можете да видите на фотографијата подолу, сснаодливи обожаватели секогаш има, па така некои успеаја да стигнат до Џастин и да се фотографираат, и покрај незгодната ситуација. Тој времето во Париз го поминува со Хајли, а таму се сретнаа и со пријателката и колешка на Хајли, Бела Хадид.
[More] Justin on the rooftop of the Crillon Palace hotel in Paris, France today. pic.twitter.com/UeXCRzOoR6
— Justin Bieber Media (@BiebernewsHQ) March 2, 2021
Fan taken photo of Justin and Hailey Bieber in Paris, France today. pic.twitter.com/le0d6rS5SX
— Justin Bieber News (@yourbiebernews) March 3, 2021
Justin and Hailey Bieber with Bella Hadid spotted out in Paris, France today. pic.twitter.com/qout4Otby5
— Justin Bieber Media (@BiebernewsHQ) March 3, 2021
Инаку, 40 полицајци беа вклучени во акцијата против обожавателите на Бибер кои ги прекршија правилата, а пејачот за тоа време беше виден на покривот на хотелот, каде снимаше ново видео. Полицијата едвај успеа да ја избрка групата, бидејќи иако дојде на местото на настанот, бројот на обожаватели постојано се зголемувал! Во ова време треба да бидеме многу подисциплинирани.