Обожавателите не го очекуваа ова: Анастасија Ражнатовиќ има нова боја на косата
Ќерката на Цеца за кратко време двапати реши да го промени имиџот...
Анастасија Ражнатовиќ, пејачката и ќерка на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, од почетокот на кариерата е позната како бринета, па ги изненади сите кога неодамна направи драстична промена и ја украси косата со посветли кафени и црвеникави тонови.
Сепак, се чини дека тоа беше само летен експеримент, бидејќи Анастасија сега повторно е црна!
Ќерката на Цеца најпрво им кажа на следбениците на социјалната мрежа Инстаграм дека е време за промена, а набрзо сподели фотографија на која е со долга темна коса, која е нејзин заштитен знак.
„Се вратив“ - напиша Анастасија.
На нејзините обожаватели им се допадна ова, а што мислите вие - дали црната боја е онаа што најмногу ѝ одговара?