Обожавателите полудеа по видеото кое го објави Бритни по донесувањето на пресудата за старателството

Обожавателите полудеа по видеото кое го објави Бритни по донесувањето на пресудата за старателството

Објавена во: Живот // Живот

Донесена е одлуката за случајот со старателството на Бритни Спирс, а тоа е дека нејзиниот татко, Џејми Спирс и понатаму ќе биде нејзин старател. 

Само еден ден подоцна, многу обожаватели на пејачката ширум светот останаа запрепастени од видеото кое пејачката го објави на својот Инстаграм профил. На видеото таа танцува, и ништо не би било чудно доколку Бритни на истото не потсетуваше на периодот од пред една година, кога објави фотка и видео во истата облека и со истата фризура. 

Сето тоа ги натера обожавателите да создадат теорија дека Бритни не го води својот профил, а многумина се убедени дека судијата кој ја донел одлуката за старателството бил подмитен.

- Ова видео настана пред неколку дена. Првпат да танцувам во високи потпетици по некое време... Мојот нов проект, стои во описот на видеото на кое Бритни танцува. 





Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: