Обожавателите се уверени дека една песна од Тејлор Свифт е за раскинувањето на Селена и Џастин: Апсолутно има смисла (ВИДЕО)
Многумина ја забележаа поврзаноста помеѓу текстот во таа песна и ситуацијата помеѓу ова поранешна двојка...
Целиот свет не престанува да зборува за драмата помеѓу Селена Гомез и Хејли Бибер, како и за врската која беше помеѓу Селена и Џастин. Обожавателите веќе некое време зборуваат дека една песна од новиот албум на Тејлор Свифт сигурно е за Џастин и Селена.
Селена Гомез и Тејлор Свифт се добри пријателки и тоа веќе со години. Секогаш една на друга си се поддршка и се заложуваат една за друга. Така сега Селана застана во одбрана на Тејлор кога виде дека во тренд е старо видео во кое Хејли Бибер гестикулира дека музиката на Свифт е лоша. Секако дека Селена веднаш се заложи за својата пријателка и кажа дека Тејлор е една од најдобрите во својата работа. Ова е само еден од доказите колку тие две се секогаш тука една за друга. Поради тоа што се толку добри и блиски, не е изненадувачки фактот што Тејлор можеби во една од своите песни пее за Селена, Џастин и нивната разделба.
Всушност тоа е сосема можно, а во тоа се сигурни многу обожаватели. Уверени се дека песната „Question...?“ од новиот албум на Тејлор Свифт е токму за Селена и Џастин.
Има многу теории кои се обидоа да дожат дека оваа песна е за нив, а ако се погледне текстот, сето ова има смисла. Особено и бидејќи Тејлор во оваа песна пее за „некој“, во трето лице, па има смисла дека песната не е за неа, а веќе и птиците на гранките знаат дека сака да пее за минатите љубов. И тоа можеби не само за своите.
@krissykirk_ taylor likes to write songs for friends i mean #selenagomez #haileybieber #feud #justinbieber #taylorswift #midnights Question...? - Taylor Swift
@alexarramirez1 #greenscreen correct me if I’m wrong but this just seems too on the nose #justinandselena #selenaandhailey #haileybieber #teamselena Beauty And A Beat - Justin Bieber
Кога пее за бакнежот во соба полна луѓе, многумина ова го поврзаа со бакнежот на Селена и Џастин од 2013 година на „Billboard Music Awards“. Подоцна ги споменува и прашањата како: „Дали посака повеќе да се бориш за неа? И кога кажа дека сето тоа е премногу? Сакаш ли уште да можеш да ја допреш?“. Многумина мислат дека сите тие прашање се упатени до Џастин.
Со оглед на тоа што Селена и Тејлор се долго време пријателки и тоа навистина одбри, Тејлор најверојатно добро зане што се случувало помеѓу оваа поранешна двојка и нивната разделба.
фото: Принтскрин / Инстаграм