Обожавателите се загрижени за Ариана Гранде поради драстичното губење на тежината: Испрати порака со која ги замисли сите (ВИДЕО)
На последните фотографии Ариана изгледа многу слабо и некои се загрижени за неа...
Некои обожаватели покажаа искрена загриженост откако Ариана ги објави последните фотографии на кои изгледа послабо од вообичаено. Тука имаше и корисници на социјалните мрежи кои оваа го видоа како можност за злобни коментари за нејзиниот изглед.
Ариана Гранде отсекогаш изгледала слабо, но во последно време обожавателите забележаа дека изгледа послабо од вообичаено. Секако, се загрижија за неа и нејзината здравствена состојба. Некои оставаа и злобни коментари на основа на промените во изгледот, но поголемиот дел само покажаа загриженост на позитивен и добронамерен начин, без да ја навредат или на било каков негативен начин да го искоментираат нејзиниот изглед.
Постојат различни причини зошто некој во краток временски период губи тежина, а некои можат да бидат и притисок од забавната индустрија или поголеми здравствени проблеми. На Ариана ѝ пречеа сите коментери кои се појавија без основа на нејзиниот изглед, бидејќи мисли дека воошто не е во ред воопшто да се коментира изгледот на нејзиното тело.
И додекаде е во право. Никој не знае што се случува во нејзиниот живот, како изгледа тој и што ја довело до промена на изгледот. Коментарите за тоа што му се случило на некој за да изгуби или добие килограми не се баш во ред. Ариана инаку не ги коментира ваквите работи, но сега се огласи и сними видео во кое во три минути објасни колку била погодена со таквите коментари и дека луѓето би требало да престанат да го коментираат изгледот на другите. Се осврна и на коментарите во кои ја споредуваа со претходните години, дека изгледала поздрави и објасни дека тогаш воопшто не живеела здраво, ниту се грижела за своето тело и дела сега е поздрава од било кога.
@arianagrande ♡
original sound - arianagrande
Коментарите на сметка на нејзиното тело поприлично ја погодија и вознемирија, дури и оние добронамерните. Ова може да ти биде и лекција дека иако некогаш имаш добри намери, подобро е некои работи да не ги кажуваш на глас, а особено да коментираш работи кои не се однесуваат на тебе.
фото: Принтскрин / Инстаграм