Обожавателите во транс: Постои свеќа која мириса како Хари Стајлс

Обожавателите во транс: Постои свеќа која мириса како Хари Стајлс

Објавена во: Stars // Музика

Обожавателите на познатиот пејач полудеа за свеќата која мириса како неговата колонска вода. Сега сите сакаат да ја имаат во својот дом и да го почувствуваат мирисот на својот идол.

Поминаа неколку години од распаѓањето на омилениот машки бенд на девојките - One Direction. Но, Хари Стајлс и покрај тоа изгради соло кариера и стана планетарно познат.

На неговите најголеми обожаватели им е добро познато дека Хари ја обожава „Tobacco Vanille“, колонската вода на Том Форд, која чини 240 долари. Но, проблемот е во тоа што некои обожаватели кажаа дека истата им е прескапа. Поради тоа на Target пронајдоа совршена замена за мирисот на Хари, а цената на истата е присутна, пишува PAPER.

Сигурно се прашувате за што станува збор? Епа, постои свеќа која мириса како Хари Стајлс. Добро, не мириса како Хари, туку како колонската вода која ја користи. Свеќата ја нарекоа „добра замена за момче“ и „свеќа за сите они кои го обожаваат Хари“.

Што се прошири веста дека постои таква свеќа, полиците од продавниците се испразнија, бидејќи сите во својот дом сакаат да го имаат барем мирисот на Хари Стајлс.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: