Обожавателите збунети: Тејлор Свифт и Кети Пери се роднини?
Кети Пери и Тејлор Свифт се смирија пред околу една година, а сега се појавија гласини и дека се во крвно сродство. Кети е известена за тоа во гостувањето во шоуто на Роман Кемп, а вели дека нивното однесување сборува дека во тоа има вистина!
Како што пренесува Fox News, Кети духовито изјавила: „Па, и се тепаме како роднини!“. Инаку, истражувањето кое е направено вели дека Тејлор и Кети се можеби роднини од деветто колено, а Кети смета дека би било забавно да го провери тоа. „Вау, јас ќе ја прашам дали тоа можеби е вистина, а можеби би можеле да направиме и тест или нешто слично.“
Кога станува збор за кавгата, Кети за неа многу зборуваше во минатото, а последен пат тоа го направи во февруари, во интервјуто за магазинот „Stellar“. „Ние сакавме да бидеме пример за општеството. Простувањето е важно. Многу е моќно.“ - раскажа таа во своето појавувањето во спотот на Тејлор за песнта „You Need to Calm Down“. „Тоа беше само недоразбирање, но нас не следат големи групи обожаватели кои помагаат да се насочиме една против друга. Всушност, ние две имаме толку сличности, би кажала дека како нас има 10 личности на светот. Кажав дека и тоа е причината поради која би требало да бидеме пријателки.“
И Тејлор зборуваше за нивниот однос, велејќи дека се е во ред веќе некое време. Таа зборуваше дека тие две се смириле многу порано, отколку што дозна јавноста, но дека сакале прво да ги средат односите, пред тоа да се појави во медиумите. Кети овие денови ја објави новата песна под назив „Smile“, која ќе се најде на нејзиниот следен албум. Како што вели, оваа позитивна песна настанала во моментите кога таа се чуствувала навистина лошо и кога практично заборавала да се смее.