Обожавателката на Ариана Гранде која го преживеа терористичкиот напад во Манчестер сега е пронајдена мртва

Обожавателката на Ариана Гранде која го преживеа терористичкиот напад во Манчестер сега е пронајдена мртва

Објавена во: Живот // Живот

Сите се сеќаваме на трагедијата што се случи концертот на Ариана Гранде во Манчестер во 2017 година, каде животот го загубија 22 луѓе, а повеќе од 100 беа тешко повредени. Пејачката тешко ја поднесе оваа трагедија, и во спомен на починатите одржа хуманитарен концерт „One Love Manchester“ за да се соберат пари, а на концертот ѝ се придружија и Мајли Сајрус, Ниал Хоран, Кети Пери, Мек Милер и многу други. Сега дознаваме дека девојката која ја преживеала оваа трагедија пред четири години е пронајдена мртва!

Станува збор за девојакта по име Ева Астон, која имала само 16 години во моментот на терористичкиот напад, и како што пренесува нејзината мајка, таа трагедија многу ја погодила. 

„По концертот, Ева беше многу депресивна и се соочуваше со посттрауматско стресно нарушување. Таа постојано се враќаше во Манчестер за да им остави цвеќиња на починатите. Таа многу сакаше автомобили, но не можеше да вози поради преголемиот стрес“ - рече нејзината мајка.

Девојката е пронајдена мртва во нејзиниот кревет, а причината за смртта е сѐ уште непозната.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: