Образованието ми е поважно од пеењето: Џејла планира да живее во странство, а открива и дали ќе ја запостави музичката кариера

Образованието ми е поважно од пеењето: Џејла планира да живее во странство, а открива и дали ќе ја запостави музичката кариера

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачката моментално е во центарот на вниманието поради гласините дека е во љубовна врска со познатата пејачка Марија Шерифовиќ...

Пејачката и победничка на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ, реши да се запише на Економскиот факултет, по завршувањето на средното училиште. Иако нејзината музичка кариера оди одлично, таа е една од ретките која го става образованието на прво место.

„Од основно училиште знаев дека сакам да се запишам во средното економско училиште. Имајќи предвид дека ова училиште и оваа насока ми одговараат, се одлучив и за Економски факултет“ - во една прилика откри Џејла за „Блиц“, која ќе се обиде да се запише на студии во странство, сметајќи го тоа за голем предизвик.

„Секој степен повисок во животот е предизвик за секој. Не знам што ќе се случи до крајот на оваа година, но имам некои планови. Се надевам дека сè ќе биде во ред и дека сè што имам замислено ќе реализирам. Трудот и работата секогаш се исплаќаат“ - смета Рамовиќ, која не сака да ја занемари својата пејачка кариера.

„Засега мислам дека ќе продолжам да пеам во исто време. Јас нема да се откажувам од тоа сигурно. Бидејќи досега успешно го комбинирав училиштето и пеењето, се надевам дека ќе продолжам во истиот ритам“ - искрено вели пејачката додавајќи дека образованието е многу важна ставка за еден млад човек.

„Мислам дека навистина ми е потребно образованието. Имам 18 години, многу сум млада и мислам дека имам време за сè. Па, затоа одам по ред! Моето семејство ме поддржува во сите идеи и се согласуваме дека треба да продолжам со моето образование, но и да не се откажувам од пеењето“ - откри младата пејачка за „Блиц“.

Џејла има и две постари сестри, Лејла и Шејла, со кои, како што вели, одлично се согласува. Тие ѝ се голема поддршка и потпора, а интересно е што и Лејла има голема предиспозиција за пејачка кариера.

„Одлично се согласувам со двете сестри. Отсекогаш сме имале одлична врска и тоа нема да се промени. Лејла е неверојатно талентирана и јас сум воодушевена секогаш кога ќе ја слушнам како пее. Сепак, таа не планира да се занимава со овој бизнис“ - откри победничката на „Ѕвездите на Гранд“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: