Очаен татко моли за помош:“Учениците го малтретираат мојот син и го викаат чудовиште, ми зборува за самоубиство на 8 години“
Секој што го
познава Ден Безант знае дека тој ги сака своите деца повеќе од било што друго.
Сака да ги учи за природата, им дозволува да шетаат и истражуваат и ги
охрабрува кога им е најпотребно. Кога Ден дознал дека учениците на училиште
биле насилни кон неговиот 7-годишен син Џексон, срцето му се скршило. Сега Ден
се обидува да ја раскаже приказната на Џексон со надеж дека ќе спречи
понатамошно насилство врз децата.
На Џексон му бил дијагностициран синдромот Трејчер Колинс кога бил бебе и поминал низ работи кои многу возрасни не може ни да ги замислат. Издржал болни операции, недостаток на самодоверба и насилство на училиште. Но, кога Ден дознал дека другите деца почнале да фрлаат камења по неговиот син, знаел дека мора да заврши. Ден се огласи на Фејсбук за да ја сподели својата порака и да ги замоли другите родители да ги научат своите деца на добри манири.
-Моето срце е на парчиња. Душата ми се крши. Овој прекрасен млад човек, мојот син Џексон, мораше да трпи постојано насилство и погрдни коментари што досега не сум видел. Неговите врсници во училиштето секој ден го нарекуваат грд и чудовиште. Зборува за самоубиство, а нема ни 8 години. Вели дека нема пријатели и сите го мразат. Децата го фрлаат со камења и го туркаат додека извикуваат ужасни зборови. Замислете за момент дека вашето дете е во таква ситуација. Одвојте една минута и објаснете им на вашите деца за луѓето со посебни потреби.
Разговарајте со нив за сочувство и љубов кон другите. Има Тречер Колинс синдром, погледнете што значи тоа. Тој претрпе страшни операции, а ќе има уште во наредните години. Би можел да продолжам, но те молам само објасни им на твоите деца за што се работи.
Ве молиме споделете го ова. Никој не треба да трпи насилство“.
Секој пат кога Џексон ќе се врати дома од училиште, поразен и тажен, срцето на Ден се кине. Овој живот на насилство не е она што го сакаше за своето дете, но мора да се справи со тоа.
Џексон е паметно момче со златно срце - Ден само сака тоа да го видат и неговите врсници.
Во деновите по објавувањето на пораката, таа беше споделена повеќе од 58.000 пати и „лајкувана“ од повеќе од 59.000 корисници. Јасно е дека луѓето ја слушаат неговата молба и ги учат своите деца како да се однесуваат со личност која е различна од нив. Како што рече Ден, никој не заслужува да биде третиран на тој начин…
Фото:freepik