Очите ќе ви се насолзат од фотографиите на болни дечиња: Група волентери им организираа празнична фотосесија (ВИДЕО)
Им ги разубавија празниците на болните дечиња...
Волонтерите од „The HeART Project“, веќе неколку години посетуваат болници за Божиќ и ги фотографираат дечињата кои не можат да бидат дома за празниците. За уште повеќе да им ги разубават и развеселат празниците, на крајот ги фотошопираат фотки и создаваат вистинска празнична бајка.
Коронавирусот си го направи своите и неколку години дечињата не можеа да го имаат на гости најпознатиот дедо на светот - Дедо Мраз, но оваа година и тоа се случи, па така пациентите имаа можност и да се фотографираат со него. Така, година беа израдувани деца од болниците ширум САД и Австралија.
„Наша мисија отсекогаш беше да измамиме насмевки на лицето на семејствата на кои им е тешко на Божиќ, помагајќи им да избегаат од реалноста макар само на еден ден, благодарение на фотографијата и Фотошоп“ – велат волонтерите.
Во видеото во продолжение погледнете како изгледаше нивното дружење:фото: Принтскрин / Јутјуб