Од еден од нашите најдобри манекени, до фитнес тренер со тело ремек-дело: Серџо Спасов и во Америка е атрактивен

Од еден од нашите најдобри манекени, до фитнес тренер со тело ремек-дело: Серџо Спасов и во Америка е атрактивен

Објавена во: Stars // Интервјуа

Тој беше меѓу првите фитнес тренери кои инцираа онлајн фитнес тренинг со многу програми за вежбање, режим на исхрана, совети... Покрај сериозно добро обликуваното тело, паралеално беше и манекен, кој стана заштитно лице за брендовите Армани и Пјер Карден за Македонија.

И некаде помеѓу врвот на кариерата и неговите амбициозни планови, замина за Америка, поточно за Мајами. После неколку години од престојот таму, Серџо Спасов изгледа уште поубаво, со моќен изглед и мускули...

- Живеам и работам во Америка. Овде ја градам кариерата. Светот на фитнесот е многу поголем и нуди многу повеќе во споредба со Европа. Затоа и го одбрав Мајами - вели Спасов за нашиот портал.

# Дали по игра на случајност се најдовте во манекенството или сепак сами се пријавивте... Како течеше таа манекенска приказна по која станавте познат првично?

- Линијата помеѓу фитнесот и моделинг е многу тенка. Ако сте дел од фитнесот, веќе сте изложени на тоа луѓето во вас да гледаат пример како треба да изгледа една индивидуа. Специфично, моето тело не припаѓа во групата на класичен бодибилдинг, па поради тоа бев одлично прифатен и во светот на модата.  Добив понуда за соработка од агенцијата Моделс Ин , па така почна цела таа еуфорија од кастинзи , реклами , ревии и слично. Сепак повеќе се насочив во фитнесот каде што моето искуство е од помош за многу луѓе.

# А, како станате заштино лице за Македонија за моделите на Пјер Карден и Армани?

- Се избираше модел кој ќе го претставува брендот за новата колекција и за моја среќа јас ја добив таа шанса. Нешто за кое сум посебно горд.

# Како се случи вашата инволвираност во светот на фитнесот?

- Се’ започна во мојата 20- та година ,кога воедно и бев спремен да започнам некаква кариера каде што ќе се пронајдам себе си. Фитнесот беше одлична опција со оглед на тоа дека уште од мали години сум инволвиран во спортот. Поминаа 10 години и се уште ја работам оваа работа со истата еуфорија како на почетокот.

# Имате прилично добро дефинирано тело. На кој начин и како се постигнува одлична форма, мускули и правилно распоредување на масата?

- Секој што се грижи за своето тело преку посебен и здрав начин на исхрана и што учествува во било какви спортски активности, може да се пофали со здраво и на изглед убаво тело. Тоа е резултат на секој вложен труд и излез од таа комфорт зона. За доведување на телото до совршена форма, постојат различни протоколи кои се поткрепени со наука, зависно од повеќе фактори. Правилен внес на исхраната и правилен начин на изведување на вежбите, се само дел од насоките кои треба да се запазат.

# Каква е вашата фитнес рутина? Што правите, кои и какви вежби?

- Јас лично сум насочен на протокол што препишува повеќе високо интензивен тренинг , проследен со помали тежини и повеќе репетиции. Функционалност и флексибилност ми помагаат да бидам на повисоко ниво во кошарката бидејќи вежбам и тоа.

# Што е со исхраната? Што внесувате, од што се состои едно ваше дневно мени?

- Конзумирам 80% сирова храна, овошје и зеленчук. Денот го почнувам со Зелено смуди, па овесна каша со многу јатки и семиња , за ручек обично јадам риба и многу салата и избегнувам да јадам барем 3 часа пред спиење. Исхраната како за сите така и за мене треба да е индивидуално приспособена според  дневните потреби. Не постои "диета" за сите.

# Која и каква е вежбата за оформување на целото тело или сепак тоа се поединечни фази?

- Комплексни вежби што опфаќаат повеќе групи на мускули како мртво дигање и чучњеви со тежини, се само еден мал дел од целиот асортиман на вежби. Важен е кој протокол го користите, а со тоа ќе ви биде диктиран и правецот во кој го оформувате телото.

# Како се облекувате? Каков е вашиот стил?

- Обожавам "јаки бои". Несакам "досадни" сиви и темно- сини парчиња облека. Важно ми е секогаш да изгледам чисто и средено.

# Каков совет би им дале на оние кои сакаат да вежбаат а се уште не го сториле тоFа?

- Да почнат со најосновните вежби и начин на исхрана. Што е можно поедноставно. А, доколку сакаат да научат нешто повеќе и да пробаат да постигнат повисоко ниво, да побараат совет од фитнес тренер кој веќе има искуство во тој дел. На своја рака без искуство никој да не пробува никакви диети или начин на изведување комплексни вежби.

Небојша Толески


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: