Од Калиопи па сè до Дуо Трио: Саксакустик ќе ве вратат во времето со новиот „кавер“!

Од Калиопи па сè до Дуо Трио: Саксакустик ќе ве вратат во времето со новиот „кавер“!

Објавена во: Stars // Музика

Сигурно се сеќавате на Иво, Иван и Никола, момците од младиот бенд Саксакустик, кои неодамна за hashtag.mk ја раскажаа својата приказна, а и идни планови.

Кога ги прашавме кој музички правец го свират на свирките тие рекоа: „Ја свириме онаа музика која се нуди во моментот во светот. Се трудиме колку што можеме да оставиме наш печат на сите преработки кои ги свириме и да бидеме оригинални на секој наш настап. Публиката го препознава тоа и знае да го цени. Се движиме во некои "рамки"  на поп-рок, забавна музика. Ги свириме и преработуваме актуелните странски и домашни хитови и постари песни кои оставиле печат во своето време“.  Оваа нивна изјава, поточно делот каде што велат дека се трудат да остават свој печат на сите преработки повторно го докажаа.

Имено, тие објавија кавер, односно ретро микс од повеќе македонски песни и изведувачи, почнувајќи со „Обои ме“ од Калиопи, преку „Магија“ од групата Магија, па се до „Шуруп, шуруп“ од дечките од Дуо Трио. За да го слушнете овој прекрасен ретро микс треба само да кликне на кончето „плеј“, верувајте дека нема да останете рамнодушни!


И.М.
Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: