Од „Mamma Mia“ до „Star Wars“: Кои странски филмови и серии се снимени во Хрватска? (ВИДЕО)

Од „Mamma Mia“ до „Star Wars“: Кои странски филмови и серии се снимени во Хрватска? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Дали знаевте дека овие филмови и серии се снимени на Балканот?

Иако многумина не знаат, постојат разни странски филмови и серии кои се снимени на Балканот, поточно во Хрватска. Поради некои серии, многу градови во Хрватска станаа уште попопуларни!

Благодарение на странските филмови и сериите кои се снимени во Хрватска, многу луѓе ширум светот слушнаа за оваа земја, која е лоцирана на Балканот. За некои сигурно би биле изненадени дека се снимени таму, особено за некои странски серии. Иако не сите се снимени комплетно во Хрватска, снимени се неколку сцени кои добро ги искористиле.

# Филмот „Mamma Mia! 2“

Вториот дел од мјузиклот „Mamma Mia!“ е снимен на прекрасниот Вис. Во 2017 година се снимаше филмот, а екипата тогаш на дури 3 недели го имаше окупирано целиот остров, додека не го снимија целиот филм. Со оглед на сценариото, околината и убавината на Вис, островот идеално се вклопи во филмот.


# Серијата „The Terror“

Островот Паг беше главниот актер во серијата „The Terror“. Се снимаше во 2017 година, истата година кога се снимаше „Mamma Mia!“ на Вис, а за снимањето на оваа серија, филмската екипа помина скоро еден месец на Паг, за да успее да сними сѐ.


# Филмот „Star Wars: The Last Jedi“

За снимањето на последното продолжение на серијалот „Star Wars“, Дубровник влезе во некоја нова научно-фантастична димензија, бидејќи тој ја презеде улогата на галактичкиот град Канто Бајт. Во тој галактички град, или хрватскиот Дубровник, се судираа главните ликови во филмот, а очигледно е дека Дубровник одлично го одработи своојт научно-фантастичен дел.


# Серијата „Game of Thrones“

За „Game of Thrones“ веќе сите знаат дека се снимаше во Дубровник, бидејќи и ден денес постојат места и сувенири кои се поврзани со оваа серија. Некои туристи го посетуваа Дубровник само затоа што светски познатата серија е снимана таму, а продуцентите на серијата на крајот снимија и повеќе сцени отколку што планираа, бидејќи беа воодушевени од градот.


# Серијата „Ezel“

„Ezel“ е турска серија која неколку години се емитуваше на нашата телевизија. Беше неверојатно популарна, а интересен е фактот што некои сцени се снимани на разни локации во Дубровник. Дали вие го препознавте овој хрватски град во серијата?


# Филмот „Diana“

Опатија послужи за снимањето на овој филм за најпознатата и најпопуларната принцеза. Снимањето се одвиваше во 2012 година, а Опатија и нејзината околина идеално послужија во сценариото кое се базираше на последните две години од животот на прерано починатата принцеза.


# Серијата „Medical Police“

„Medical Police“ е хумористична серија која се прикажуваше на Нетфликс, а е снимена во главниот град на Хрватска, Загреб. Загреб се споменуваше како еден од градовите каде се одвивало сценариото, но и некои негови делови и згради послужија да глуми некои друг град, како Берлин, Рига, Фиренца и многу други.


# Серијата „Succession“

Оваа серија не се снимаше долго во Хрватска, но затоа во тој краток временски период, успеаја да снимаат кадри во Дубровник, но и на островот Корчула. Снимале неколку дена, а во прашање било финалето на втората сезона на популарната серија на HBO - „Succession“.


# Филмот „The Odyssey“

„The Odyssey“ е запаметен по прекраските кадри од островот Хвар. Овој филм е сниман во самиот град Хвар, во Јелса и Стари Град и на Паклените острови. Сценариото е поврзано со морето, бидејќи станува збор за најпознатиот подморски истражувач, па затоа бил иделен за хрватскиот брег.


# Филмот „Bliss“

Главниот плоштад во Сплит и Паркот-шума Марјан беа главните локации за снимањето на последните сцени во филмот „Bliss“. Во него глумат познати актери како Селма Хајек и Овен Вилсон, а освен Сплит, некои сцени се снимени и во Дубровник.


# Филмот „The Weekend Away“

„The Weekend Away“ е филм на Нетфликс кој излезе оваа година, а едно време беше и помеѓу најгледаните. Целото негово сценарио е снимено во Хрватска, поточно во Сплит. Уште еден интересен факт за овој филм е тоа што и глумеа и неколку хрватски актери, како Амар Буквиќ и Марко Бариќ.


фото: Imdb / Принтскрин

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: