Од несмасно дете во „Модерно семејство“ до згоден тинејџер: Погледнете ја трансформацијата на Нолан Гулд
Трансформацијата не дојде преку ноќ, но младиот актер вели дека му годела...
Доколку сте ја гледале серијата „Модерно семејство“, која сега е достапна на разни стриминг сервиси, сигурно знаете за Нолан Гулд, симпатичното дете кое го глумеше ликот на Лук Данфи. Токму тој, повеќе не изгледа како од серијата.
Магазинот „People“ денес објави фотографии на кои Нолан има неверојатни мускули. Трансформацијата не дошла преку ноќ, но младиот актер вели дека му годела.
„Секој ден вежбам по час и половина со мојот пријател Мајкл, кој воедно ми е личен тренер. Направивме добар систем во кој почитуваме дистанца. Особено бидејќи сте невработени во карантинот, на овој начин ќе имате причина да станете и да бидете мотивирани. Вежбањето за време на карантинот ми помогна да го променам погледот кон светот, тоа беше позитивна работа“ - започна тој.
Нолан истакна дека го променил и начинот на исхрана.
„Иако јадам помалку, се хранам поздраво. Во исхраната имам немасни протеини, зеленчук колку што сакам, а соковите ги избегнувам. Ги негувам умот и телото“ - кажа тој.
„Најважно ми е што го исфрлив алкохолот. Се чувствувам побистро, често пишувам, внимавам на часовите по глума и давам се од себе за да се вратам на работа штом ќе заврши пандемијата“ - објасни Нолан.