Од овој момент ништо нема да биде исто: Ѓоковиќ конечно го откри она што светот го насетуваше
Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ проговори за најголемата цел до крајот на својата кариера како професионален тенисер.
Она што целиот тениски свет го насетуваше, Новак без воздржување конечно го призна.
„Мојата најголема цел останува да освојам најмногу Гренд слемови. Да го срушам рекордот на Федерер!“ - кажа Ѓоковиќ во Рим, каде учествуваше на турнирот, а пренесоа сите медиуми.
Ѓоковиќ оваа седмица ја започна 286 недела не чело на АТП листата и така стигна до легендарниот Американец Пут Сампрас.
Му останува уште еден кој е пред него! Роџер Федерер, кој со 310 недели на првото место е рекордер, но недостижен.
Освен по недлеите поминати на АТП листата, Новак го брка Швајцарецот и по Гренд Слем титулите. Засега Србинот има 17 на најзначајните тениски турнири.
Пред него се Рафаел и Роџер.
Надал има 19, додека Федерер во својот плакар има 20 пехари.