Од портир и чистач до холивудска ѕвезда: Животната приказна на Том Круз
Том деновиве е во центарот на вниманието, поради веста дека неговата ќерка Изабела се вози со јавен превоз.
Холивудскиот актер Том Круз, пред да стане популарен, работел како чистач и портир, а денес неговото богатство се проценува над 550 милиони долари.
Томас Круз Мапотер IV е вистинското име на Том Круз кој денес не би го гледале во легендарните филмови доколку заминеше по својот повик кон свештенството. Како многу религиозен, Круз уште на мали години сакал да стане свештеник, додека во училиште не пробал да глуми.
Се наоѓа на листата помеѓу топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња. Како мал играл хокеј на трева, но престанал откако се повредил и го оштетил предниот заб.
„На 18 години го напуштив училиштето и заминав во Њујорк за да станам актер, не сонував за волкав успех“ - во една прилика изјави Том, кој е роден во Кентаки, а има и германско, ирско и англиско потекло.
„Јас сум под просечната висина и не сум претерано згоден, барем тогаш не бев, а за 5 години ги снимив некои од своите најголеми филмови“ - призна актерот, кој е висок 170 сантиметри, кој во 90 - тите бил помеѓу најплатените актери на светот.
Првата мала улога ја имал во 1981 година во филмот „Endless Love“, а потоа се ределе: „Top Gun“, „The Color of Money“, „Rain Man“ и „Born on the Fourth of July“. На филмовите како „Интервју со вампирот“, „Невозможна мисија“ и „Jerry Maguire“ заработил по 15 милиони долари за филм.
По неколку години во Холивуд, повторно се насочил кон верата, поради која, како што порано се пишуваше, му пропаѓале сите бракови: Во првиот брак бил со Мими Роџерс, па Никол Кидман и Кејти Холмс.