Од Приштина до црвениот килим: Како се пробија Албанките кои владеат на светската музичка сцена?

Од Приштина до црвениот килим: Како се пробија Албанките кои владеат на светската музичка сцена?

Објавена во: Stars // Музика

Нивните песни ги пее цел свет, а тие важат за најплатените изведувачи...

Трендот Албанките од Косово да ги освојуваат светските музички плеј листи е започнат уште во 70 - тите и 80 - тите години од Ана Окса.

Сепак, нејзината популарност успеа да ја престигне Рита Ора, за која моментално се смета дека вреди 25 милиони евра. Неколку години по експанзијата на хитовите на пејачката, на светската музичка сцена се појави уште една пејачка од Косово - Дуа Липа.

И додека целиот свет ги пее хитовите како „Be the one“, „New rules“, „One kiss“, свое место во музичката индустрија најде и Ера Истрефи.

Како тие успеаа да се искачат до самиот врв, прочитајте во продолжение:

# Дуа Липа

Иако е родена во Лондон, поп ѕвездата има потекло од Приштина. Благодарејќи на врските на нејзиниот татко, пејачката започна да ја гради својата светска кариера. Работела како модел, а од 2013 година и рекламите за британскиот „Х-фактор“, се насочува кон музиката. Во 2015 година го објавува синглот „New love“ и се искачува на самиот врв на светската музикчка сцена. 


# Рита Ора

Рита Сахатчију, позната како Рита Ора од смаиот почетокот на кариерата ја истакнува родната Приштина. Уште како тинејџерка почнала да настапува во пабот на нејзиниот татко во Лондон. Пеела придружни вокали на Крег Дејвид, Крејк, Ашер, Колдплеј... Вистинската популарност ја стекнува по контактот со Џеј Зи, со кој ја спојуваа и емотивно.


# Ера Истрефи

Уште една родена Приштинка, се здоби со меѓународна популарност по синглот „БонБон“. Ја нарекуваа Ријана од Косово, поради карактеристичната боја на глас. Негативна слика кај јавноста создаде по спотот во српската црква „Христа Спаса“ во Приштина. 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: