Од работите кои ги наоѓал на улица, го реновирал станот: Резултатот ги воодушеви сите (ВИДЕО)
Од работите кои се за фрлање направил уметнички дела...
Дали знаете дека од обрачот за кош може да направите лампа, од скејтбордите феноменална полица за книги, а од баскет саксија за цвеќе?
Во својот дом сигурно имате некои работи кои повеќе не ги користите, но сепак со малку труд од нив можете да добиете сосема поинакви работи кои повторно ќе бидат во употреба.
Исто така, на улица можете да пронајдете многу работи кои на прв поглед изгледаат како нешто што треба да заврши во ѓубре, но со добра идеја, сите тие работи, вашиот стан може да го разубават. Тоа најдобро го знае Адриан Вазкез, кој го преуреди домот со работи кои нашол на улица.
@adrianvvlogs Over 93 Million Views across all platforms in 2 months! I appreciate you all VERY VERY VERY much! Thank you to everyone who has supported #interiordecor #homedecor #furnitureflip #nycapartment #diy 2022 season trend x Clocks by Coldplay - CONTENT CREATION TIPS
Адриан има направено уникатни масички за во дневната соба од делови од камени столбови кои ги исфарбал во црно, а потоа од стара маса што ја нашол до контејнер, направил грамофон, од количка за храна - единствена полица за пијалоци, а од обичната бела постелнина и малку боја, дизајнирал слики кои потоа ги закачил на ѕидовите.
@adrianvvlogs Turing a nightstand into a Joshua Vides inspired Night Stand #diy #stoopingnyc #furnituremakeover #homedecore #interiordesign original sound - welcome
Потоа старата бела комода ја преуредил со црн маркер во ноќна маса, а проѕирното столче што го пронашол покрај канта, совршено го вклопил во неговиот стан.
@adrianvvlogs I found this chair in the trash #stoopingnyc #interiordesign #homedecor #furnitureflip #ikeachair Roxanne - Instrumental - Califa Azul
Адриан од сите работи покрај кои секојдневно поминуваме, направил вистински уметнички дела и на својот простор му дал уникатен печат.
фото: Принтскрин / ТикТок